Барди: Не смее да има потценување, одиме максимално од првата минута до нова победа

102

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Колку и да сите нас трагедијата во Кочани не погоди, секој си жали на сопствен начин и тагува за настраданите. Секој се повлекува во својот свет и се преиспитува што и како понатаму.
А замислете да треба да одиграш квалификациски натпревар против Лихтенштајн на гости и да одработиш дуел во кој едноставно мора да победиш.  

Утрешниот дуел е императив за нас, ама колку и тоа да е тешко да се спроведе на терен. Тешко е и во нормални услови, а дури сега…. 

Само нашите репрезентативци знаат како им е, а на денешната прес конференција, онаа официјалната пред утрешниот дуел се појави кој друг ако не капитенот, Едис Барди.  

„Сочувство до фамилиите, до настраданите. Ова покажува дека животот е една мистерија. И не знаеме што не очекува утре. Затоа многу е важно да го живееме секој момент, и да се грижиме за сите околу нас, драги, блиски. Секако дека сакаме да ја продолжиме таа серија на добри мечеви, и победи не само против Лихтенштајн туку и против останатите со кои ќе играме. Сакаме со победа да ја стартуваме оваа кампања. Не смее да има потценување, нема ниту да има. Одиме максимално од првата минута на утрешниот дуел“ – рече капитенот Барди. 

Присуството на Гранде Пандев е непроценливо

На прашањето што значи за репрезентацијата Горан Пандев, и неговото присуство сега во националниот тим, овојпат како функционер.

„За нас, за мене, за Елиф и за останатите, кои кога влеговме во А репрезентацијата тој беше главен што се вели, Горан Пандев е еден и единствен. Имаме огромен респект кон Гранде Пандев, за се што направил, прави и ќе прави за нас. Големо фудбалско име, голем авторитет. Чест е и задоволство да се биде покрај него, поради советите што ни ги дели“ – рече Барди.

 

ПретходноМилевски: Тешко ни е да зборуваме за се друго освен за фудбал, одиме утре да ја продолжиме победничката серија
СледноИ претседателот Омерагиќ на тренингот на националите во Вадуц: Македонија утре оди на победа! (ФОТО+ВИДЕО)