СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација на гостински терен против Лихтенштајн ќе ги статува квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Во овие тешки денови за нашата држава не постои начин како да се изрази сочувство на сите семејства кои ги загубија своите најмили во пожарот во дискотеката во Кочани.
Нашите фудбалери во чест на загинатите во големата трагедија на двата меча, против Лихтенштајн на гости и против Велс на домашен терен, ќе играат во темни дресови.
На загревањето на стадионот „Рајнпарк“ утре ќе излезат со специјални маички посветени на жртвите во Кочани. За време на интонирање на македонската химна ќе мора да ги носат официјалните тренерки, како што наложуваат правилата.
Дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра утре со почеток во 15 часот.