СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Утре од 15 часот на “Рајнпарк“ во Вадуц, Македонија на гости кај Лихтенштајн ќе ги стартува квалификациите за пласман на СП 2026. Ова ќе биде прв наш меч во групата – Ј. Јасно е кој е фаворит и јасно е дека Македонија оди по трите бода. Сакаме со победа да ја стартуваме оваа квалификациска кампања.
По пресот, на кој говореа селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди, нашите репрезентатвци го одработија и официјалниот тренинг. Максимално сериозни со оглед на ситуацијата, максимално мотивирани.
Така и треба. Така треба да се однесуваат репрезентативците на Македонија.
Инаку на тренингот беа присутни и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и Агим Ибраими, Илија Најдоски и Горан Пандев, а утре доаѓа и Ѓорѓи Христов.