Катастрофално судење на турските арбитри на мечот Македонија – Белорусија!

505

У-21 селекцијата на Македонија денеска во Анталија, на дебито на новиот селектор Горан Станиќ, во пријателски меч беше поразена од Белорусија со 1:3.

Сепак по мечот имаше и реакција од нашата репрезентација, односно од ФФМ на судењето на судиите од Турција:

Натпреварот го одбележа катастрофалното судење од страна на турските арбитри. Имено, на полувреме, фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг фудбалер кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не реагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот”.

ПретходноУ-19: Македонија одигра без победник на контролата со Албанија!
СледноУбав гест на ФК Пелистер: Приходот од дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на загинатите во Кочани! (ФОТО)