Лина Ѓорческа денеска во меч од 1/4 финалето на турнирот во Марибор, успеа со 2:0 во сетови да ја победи Маријам Болквадзе и со тоа да се пласира во полуфиналето на овој турнир.
Лина првиот сет против Грузијката го доби во тај-брејк со 7:5. Во вториот сет беше нешто полесно и со 6:3 во гемови се избори за конечни 2:0 и пласман во следната фаза.
Овој дуел траеше нешто повеќе од два часа и беше исклучително интересен, а најдобрата македонска тенисерка беше на своето ниво. Да кажеме и тоа дека Болквадзе на ВТА листата е дури 90 места подобро пласирана од Лина.
Исто така интересно е тоа што овие две тенисерки на овој турнир играа како партнерки во двојки, но мораа да се откажат поради овој меч.