Утре на “Рајнпарк“ стадионот во Вадуц, ќе го одиграме својот 12-ти меч против селекцијата на Лихтенштајн во нашата фудбалска историја. Секако дека на овој прв меч од квалификациите за СП во групата – Ј, Македонија е фаворит, и не само поради квалитетот туку и поради традицијата која вели дека на досегашните 11 меча имаме 10 победи и само едно реми. Она од 2002 година кога селектор беше Никола Илиевски – Џиџи и кога беше 1:1.
Интересно, гол – разликата на овие средби е 42:5 за Македонија. Имаме победа од 11:1, имаме и 5:0, сме победиле и двапати по 4:0. Значи и тоа како ни “лежи“ оваа селекција, па нека биде и така.
Колку за потсетување да се потсетиме на 09.11.1996 година кога во Ешен победивме со 11:1. Тогаш стрелци на головите беа Главевски три, М. Стојковски два, Т, Мицевски два, Ќириќ два, и по еден В. Мицевски и Христов.
Тоа е нашата највисока победа во историјата.
Последен пат игравме со Лихтенштајн на 08.10.2021 исто во Вадуц кога победивме со 0:4 и тоа со головите на Д. Велковски, Алиоски, Николов и Чурлинов.
ОВА СЕ СИТЕ МЕЧЕВИ СО ЛИХТЕНШТАЈН
02.04.1996: Македонија – Лихтенштајн 3:0
09.11.1996: Лихтенштајн – Македонија 1:11
08.09.2002: Лихтенштајн – Македонија 1:1
07.06.2003: Македонија – Лихтенштајн 3:1
12.11.2005: Лихтенштајн – Македонија 1:2
24.03.2017: Лихтенштајн – Македонија 0:3
09.10.2017: Македонија – Лихтенштајн 4:0
13.10.2018: Македонија – Лихтенштајн 4:1
16.11.2018: Лихтенштајн – Македонија 0:2
28.03.2021: Македонија – Лихтенштајн 5:0
08.10.2021: Лихтенштајн – Македонија 0:4
ВКУПНО: 12 0 1 10 5:42