Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска во Анталија ќе го игра првиот од двата закажани мечеви против репрезентацијата на Белорусија. Оној вториот е на програмата на 25 против Азербејџан.
Нашата репрезентација на чело со новиот селектор Горан Станиќ има нова генерација пред себе која што има за задача од септември антаму да одработи добри квалификации.
Сега пак, е време истата да се исклисталисира и да се увиди кој од овие момци има капацитет да се носи со товарот на националниот дрес. Мечот стартува од 14:00 часот по македонко време
Ѓорѓи Дошев назад во Скопје
Поради повреда во Скопје се враќа првотимецот на Македонија ЃП, Ѓорѓи Дошев. Тој се повреди на еден од тренинзите во Анталија и во Скопје се враќа за да направи магнетна резонанса за коленото, но првичните информации се дека не станува збор за нешто премногу лошо.