Мбапе: Ќе бидам многу среќен ако Зидан биде селектор на Франција! (ФОТО)

71

Иако Килијан Мбапе се врати во репрезентацијата, иако се чини како да ги расчистија проблемите со селекторот Дидие Дешамп, сепак јасно е дека капитенот на Франција си има свое мислење во врска со тоа кој треба или кој сака тој да биде селектор на репрезентацијата на својата земја.

Image

А Мбапе не крие дека е воодушевен од идејата Зинедин Зидан да биде на местото на Дешамп. Опција која е можна ама само по завршувањето на СП следната година.

Многу ќе бидам среќен ако Зинедин Зидан биде селектор на Франција. Мојата љубов кон него како фудбалер и стручњак никогаш не е доведена во прашање. Зидан беше наш идол, идол на секое дете во Франција, и сега е тоа. Доколку стане селектор ќе им бидам благодарен на сите кои ја донеле таа одлука, сепак треба да се каже дека луѓето во Федерацијата одлучуваат за тоа“ истакна Мбапе пред вчерашната сребна со Хрватска, на која Франција беше поразена со 2:0.

ПретходноНовак се изнамачи во вториот сет, ама го победи Хиџиката во Мајами, Медведев сензационално елиминиран!
СледноПобедничко деби на Тухел, Англија ја “реши“ Албанија, победа на БиХ во Букурешт ама Џеко заврши со скршен нос!