Искусниот 38. годишен голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, можеби повторно ќе го гледаме на голот на Германија. „Билд“ пренесува дека Нојер можно е да ја рестартира репрезентативната кариера, која што ја заврши летото 2024 година и повторно да го облече националниот дрес.
Причината за тоа пред се е повредата на Марк Андре Тер Штеген кој што е сега прв голман на Германија, но членот на Барселона во моментов е повреден и се опоравува од операција. Тој нема да се врати до крајот на сезоната, па од Германскиот фудбалски сојуз ја разгледуваат можноста да седнат на маса со Нојер и да се договорат околу неговиот евентуален кам бек.