Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на Мастерсот во Мајами. Најдобриот тенисер во историјата успеа со 2:0 во сетови да слави во 2.коло против Ринки Хиџиката од Австралија и со тоа да се пласира во следната рунда.
Сепак не беше така лесно за Србинот, посебно во вториот сет во кој мораше преку тај-брејкот да го освои и со тоа да стави точка на овој меч.
Инаку во првиот сет Новак беше експресен, го доби со максимални 6:0.
За разлика од Ѓоковиќ, Данил Медведев не успеа да го мине 2.коло. Рускиот тенисер беше сензационално елиминиран од Шшанецот Мунар со 2:0 (6:2 и 6:3) во сетови.