Од Пловдив испратена порака со сочувство за настраданите во Кочани!

60

Македонија е завиена во црно, на 16. март во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија 59. лица, а околу 170 се поведени. Вчера беше најтешкиот ден во нашата земја, жртвите на оваа голема трагедија беа испратени во вечноста.

Сите земји ја покажаа својата солидарност, недвоумејќи се дојдоа да и подадат рака на Македонија.

Додека голем дел од повредените се во специјализирани болници во Европа, народот на овие земји се солидаризира и дарува крв. Други пак испраќаат пораки со поддршка за семејствата на настраданите, една од нив дојде од Пловдив, каде Бугарија играше против Ирска.

ПретходноТухел пред своето деби: Слушнав дека англискиот дрес бил тежок, но не е така!
СледноДобро е што е Лихтенштајн, од секоја гледна точка!