Победничко деби на Тухел, Англија ја “реши“ Албанија, победа на БиХ во Букурешт ама Џеко заврши со скршен нос!

106

Вечерва се одиграа уште пет средби од квалификациите за пласман на СП 2026. Се разбира дека сите погледи беа кон “Вембли“ во Лондон каде играа Англија и Албанија, а Томас Тухел го имаше своето деби на клупата на Англичаните.

Очекувано славеа домашните со 2:0, тоа значи дека Германецот имал победничко деби, но искрено неговите избраници не прикажаа којзнае каква спектакуларна игра.

Стрелци на головите беа Луис – Скели во 20.минута, ова за него беше деби гол за Англија, и Хари Кејн во 7.минута, а ова за него беше 70-тиот гол за својата селекција.

Со голот на Левандовски, Полска успеа да слави против Литванија со 1:0.

Во Букурешт селекцијата на БиХ успеа да слави со 0:1 на гостувањето кај Романија. Стрелец беше Гиговиќ во 14.минута. Сепак треба да се каже дека Един Џеко се повреди, првичните информации велат дека станува за скршеница на носот и на полувремето остана во соблекувалната.

РЕЗУЛТАТИ ОД ВЕЧЕРАШНИТЕ МЕЧЕВИ

АНДОРА – ЛЕТОНИЈА 0:1

(/Ситс 58.)

АНГЛИЈА – АЛБАНИЈА 2:0

(Луис – Скели 20.,Кејн 77./)

МАЛТА – ФИНСКА 0:1

(/Антман 38.)

ПОЛСКА – ЛИТВАНИЈА 1:0

(Левандовски 81./)

РОМАНИЈА – БИХ 0:1

(/Гиговиќ 14.)

ПретходноМбапе: Ќе бидам многу среќен ако Зидан биде селектор на Франција! (ФОТО)
СледноНевидена бламажа на Партизан и Обрадовиќ: Пораз од Ефес со 32 поени разлика и тоа среде Белград!