Познати се 11-те европски градови кои се опции за НБА проширувањето на Стариот континент!

163

Како што пренесува српски „Меридианспорт“, НБА ги “означи“ 11-те градови во Европа кои би имале свои клубови за евентуалното проширување на тлото на Стариот континент.

Тоа е Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина. Ова значи дека ако НБА и дефиинитивно се прошири во Европа, тогаш овие градови би имале свои клубови во најсилната кошаркларска лига во светот.

Јасно е дека сеуште е рано за било какви заклучоци, посебно ако се знае дека раководството на НБА сеуште нема одлука за дефинитивно проширување во Европа, ама во последно време тие најави се позачестени.

ПретходноВо знак на жалост фудбалерите ќе играат со темни дресови!
СледноПостигна гол, ја прелета оградата и го прегрна Анри викајќи: Ти си мојот идол (ВИДЕО)