Полни страници спорт, Македонија никаде ја нема: Лихтенштајн не живее во „фудбалски“ филм

473

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација од вчера и официјално е во Вадуц, Лихтенштајн каде што утре со почеток од 15:00 часот го игра првиот квалификациски меч од Мундијалските квалификации.

Имаме пред себе задача и во оваа лоша ситуација да обезбедиме три бода. Противникот е најлесниот можен од нашата група, и тоа е олеснителна околност. Лихтенштајн не е фудбалска нација, како и би била кога се наоѓа среде Алпите.

Тука никој не разговара за фудбал, а македонската експедиција им е интересна само на неколкутемина „југо“ гастербајтери кои што се вработени по хотелите, или пак како возачи на нашиот табор. Се останато ниту спомнува, а веројатно ниту знае за утрешниот дуел.

Потврда за тоа е и спортската секција на швајцарскиот „Блик“ кој нормално го покрива и Лихтенштајн и каде што во десетината страници полни со спортски настани, ниту една не е посветена на гостувањето на Македонија во Вадуц. Зимските спортови се актуелни, скијање, хокеј, а и оние богатите Формула 1, тенис, а фудбалот очигледно тука е заборавена тема.

ПретходноУбав гест на ФК Пелистер: Приходот од дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на загинатите во Кочани! (ФОТО)
СледноПо трагедијата во Кочани: Дел од навивачките групи нема да користат пиротехнички средства! (ФОТО)