Предмалку репрезентацијата на Македонија до 21. година на подготвителниот камп во Анталија, загуби од соодветната селекција на Белорусија со конечни 3:1. Нашиот национален тим имаше негатива од 2:0 на полувреме, а потоа губеше и со три разлика за да намалиме и ги поставиме конечните 3:1 во последните десетина минути од мечот преку Кире Стојанов.
За новиот селектор Горан Станиќ ова беше премиерен меч на кормилото на У21 репрезентацијата, а следува уште еден дуел во Анталија, одној на 25 март, кога ќе ги одмериме силите со Азербејџан.
За информација Белорусија ја прекина својата негативна серија од четири порази по ред. Што се однесува пак до Македонија ние загубивме на двата удели во Скопје против Косово, на подготвителниот камп но под водство на селекторот Драган Канатларовски.