Поранешен член на Металург стана најплатен ракометар во светот!

380

Црногорецот Владан Липовина, поранешниот член на Металург стана најплатен ракометар во светот. На 32 години, десниот бек го продолжи договорот со тимот на Кувајт. За три години тој ќе земе 2,4 милиони евра или 800.000 евра по сезона.

Тој го помина Андреас Волф, голманот на Кил годишно заработува 540.000 евра годишно, додека на третото место е Арпад Штербик, кој во Вардар земаше 500.000 евра годишно.

Владан Липовина во Металург дојде во 2014 година на барање на Лино Червар.

ПретходноПораз на надежите од Белорусија во Анталија
СледноРакометарките отвараат против Германија на гости!