Лоши вести за сите во селекцијата на Бразил, но исто така лоши вести и за сите во Ливерпул. Имено голманот Алисон Бекер се повреди на средбата со Колумбија, поточно кога беше во дуел со противничкиот фудбалер Санчез и тоа во пределот на главата. Се очекуваше да биде подобар и да биде во комбинација за мечот со Аргентина, но ништо од тоа. Последните вести говорат дека тој мора под итно да се врати во Ливерпул на дополнителни лекарски прегледи со оглед на тоа дека станува збор за повреда на главата по што Бразилецот имал и губење на свеста.
Навистина незгодно за него, но и за Бразил и за Ливерпул. Сепак сеуште не се знае колку Алисон Бекер ќе биде надвор од терените.