Македонската женска ракомена репрезентација пласман на ЕП 2026 година ќе бара против Германија, Белгија и Словенија. Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.
Прв противник на нашите ракометарки ќе биде Германија, дуелот се игра на гостински терен, во октомврискиот циклус, Македонија ќе ја пречека Словенија во рамките на 2. коло.
Овие квалификации „црвено-жолтите“ ги затвараат против Словенија на гости.
1. коло, Германија – Македонија
2. коло, Македонија – Словенија
3. коло, Белгија – Македонија
4. коло, Македонија – Белгија
5. коло, Македонија – Германија
6. коло, Словенија – Македонија