Синот на Делибашиќ со емотивен говор: Тато никогаш нема да ги заборавам твоите зборови!

387
Фото: Printscreen / Mondo.me

Денеска се одржа комеморација за легендарниот црногорски фудбалер Андрија Делибашиќ, незаборавниот голгетер на Партизан кој почина на 44-годишна возраст по долга борба со тешката болест.

Во оваа прилика во Црногорскиот народен театар во Подгорица се собраа членовите на неговото семејство, пријателите, црногорската репрезентација, поранешните соиграчи од Партизан, соработниците од Будуќност, Фудбалскиот сојуз на Црна Гора…

Синот на Андрија, Андреј одржа особено трогателен говор, при што многумина не можеа да ги задржат солзите.

„Драг тато, гордо стојам овде како твој син. Ти беше силата на нашето семејство. Пример за секого, а особено за мене. Пораснав со твоите успеси и твоите цели. Често се сеќавам на моментите кога ми кажуваше за твоите натпревари и никогаш нема да ги заборавам твоите зборови „Прво биди добар човек, а потоа добар играч“, рече тој.

ПретходноМакедонија денеска против Белорусија, Дошев назад во Скопје поради повреда
СледноХамилтон го собори рекорд во Шангај и порача: Во шок сум!