Синот на Леброн со рекордна партија, тежок пораз за Лејкерси (ВИДЕО)

187

Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Милвоки Бакс со 89:118 во натпревар во кој не можеа да сметаат на повредените Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и Остин Ривс. На синот на Леброн, Брони Џејмс, му беше дадена најголемата можност, па тој ја искористи во своја полза.

Синот на рекордерот за најмногу поени во НБА (41.924 во регуларниот дел од сезоната, вкупно 50.086) пристигна во НБА како 55-ти пик на минатогодишниот драфт. На Леброн му се исполни големата желба да игра во лигата со синот, а откако ги одигра првите минути, тој и Брони станаа првата комбинација татко-син на НБА паркетот.

Многумина ја критикуваа одлуката на Лејкерси да ја исполнат желбата на нивниот лидер, особено по лошиот почеток на НБА кариерата на Брони. Неговиот просек е 1,6 поени, 0,5 скока и 0,4 асистенции за помалку од пет минути игра по натпревар.

Синоќа доби 30 минути, убедливо најмногу во неговата кратка кариера. Ги искористи за да постави личен рекорд за поени, асистенции и го израмни рекордот за украдени топки. Натпреварот го заврши со 17 поени, три скока и пет асистенции. Од поле шутираше 7/10 од кои 2/4 тројки.

Бакс, кои никогаш не заостануваа, имаа 35 поени предност кон крајот на натпреварот. До победата ги предводеше Jанис Адетокумбо со 28 поени и седум скока, Гери Трент Јуниор со 23 поени и Кајл Кузма со 20 поени, пет скока и пет асистенции.

Резултати: Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 115:98, Индијана Пејсерс – Бруклин Нетс 91:91 (105:99 – по продолжение), Голден Стејт Вориорс – Торонто Репторс 117:114, Сакраменто Кингс – Чикаго Булс 116:128, Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки Бакс 89:118.

ПретходноМожен кам-бек на Нојер на голот на Германија
СледноВинисиус го постигна голот на кариерата (ВИДЕО)