Убав гест на ФК Пелистер: Приходот од дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на загинатите во Кочани! (ФОТО)

176

Браво, навистина убав, прекрасен гест на ФК Пелистер. Имено попчаднево прволигашот од Битола и официјално потврди дека приходот од билетите од дербито со Вардар, ќе оди кај семејствата на трагично загинатите во страшната трагедија во Кочани.

ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Цена на билетот: 200 денари

ПретходноКатастрофално судење на турските арбитри на мечот Македонија – Белорусија!
СледноПолни страници спорт, Македонија никаде ја нема: Лихтенштајн не живее во „фудбалски“ филм