Попладнево во Корча, нашата У-19 репрезентација одигра без победник, 0:0 на пријателската или контролна средба со домашната селекција на Албанија.
Ова беше уште една контрола за младите репрезентативци на Македонија со противник со кој може да се види и согледа моменталниот квалитет на селекцијата која ја предводи селекторот Ерхан Селими.
Инаку во недела со почеток во 12 часот, исто во Корча, оваа селекција на Македонија ќе одигра уште еден меч со домашната репрезентација на Албанија.