Фалангата со апел: Дојдете облечени во црно, понесете само македонско знаме и шалови

654

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Околу 2.000 македонски фанови (1.200 од нив ќе бидат на трибината позади едниот гол) утре ќе ги бодрат нашите фудбалери на дуелот против Лихтенштајн на гостински терен, прв во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

Вадуц секогаш бил во срцето на македонските иселеници кога играла нашата репрезентација. Од Швајцарија, Австрија, Германија и Италија, фановите ги полнеле трибините да ги бодрат фудбалерите, така и ќе биде сега, но атмсоферата ќе биде поинаква.

Македонската фаланга пред неколку дена испрати апел до сите кои ќе дојдат на стадионот „Рајнпарк“ да бидат облечени во црно во чест на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

На оваа средба нема да биде препознатливото навивање бидејќи Македонија е во тага, па се апелира да не се носат тапани, труби и слични реквизити од овој тип. Секој да понесе само македонско знаме и шал.

Селекторот, Боби Милевски и неговите момци денеска ќе го одржат официјалниот тренинг пред натпреварот, а потоа ќе се одржи и задолжителната прес-конференција.

Македонската фудбалска репрезентација на утрешниот меч против Лихтенштајн (15 часот) и против Велс на домашен терен ќе игра во темни дресови во чест на загинатите во големата трагедија во Кочани.

ПретходноХамилтон го собори рекорд во Шангај и порача: Во шок сум!
СледноЛина ја “реши“ Болквадзе за полуфинале во Марибор!