ФК Вардар продолжува со активностите околу финансискиот дел и долговите кои беа оставени со години во овој тим, што пак беше причина за блокада на сметката. Како што велат од „црвеноцрниот“ табор ќе продолжат да ја консолидираат финансиската ситуација на клубот и да ги исчистат сите побарувања што некомпетентните, криминалните и авантуристичките управи ги нанесле како штета на буџетот, имиџот, статусот и иднината на најголемиот спортски бренд во државата.
Денеска ФК Вардар исплати долг од речиси 230.000 евра или 14.088.942 денари.