Хамилтон го собори рекорд во Шангај и порача: Во шок сум!

151

Луис Хамилтон го заврши најбрзиот квалификациски спринт на Големата награда на Кина. Новиот возач на Ферари, седумкратен шампион во Формула 1, го собори рекордот на патеката во Шангај. Тој го извозе кругот за 1:30.849, со што ја доби првата стартна позиција за спринт трката.

Второто место му припадна на Макс Верстапен во Ред Бул, кој заостануваше 0,018 секунди зад Хамилтон, додека возачот на Мекларен Оскар Пјасти и Шарл Леклер од Ферари се квалификуваа во вториот стартен ред. Видео од возењето на Хамилтон можете да го видите ТУКА.

“Малку сум шокиран. Не можам да верувам дека ја освоивме пол-позицијата во спринтот. Ова не е главна трка, па ни претстои уште работа утре. Не очекував таков резултат, среќен сум и горд. Последната трка беше катастрофа за нас. Знаевме дека има повеќе перформанси во болидот”, изјави Хамилтон по квалификациите за спринт.

ПретходноСинот на Делибашиќ со емотивен говор: Тато никогаш нема да ги заборавам твоите зборови!
СледноФалангата со апел: Дојдете облечени во црно, понесете само македонско знаме и шалови