Новак се изнамачи во вториот сет, ама го победи Хиџиката во Мајами, Медведев сензационално елиминиран!

200

Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на Мастерсот во Мајами. Најдобриот тенисер во историјата успеа со 2:0 во сетови да слави во 2.коло против Ринки Хиџиката од Австралија и со тоа да се пласира во следната рунда.

Сепак не беше така лесно за Србинот, посебно во вториот сет во кој мораше преку тај-брејкот да го освои и со тоа да стави точка на овој меч.

Инаку во првиот сет Новак беше експресен, го доби со максимални 6:0.

За разлика од Ѓоковиќ, Данил Медведев не успеа да го мине 2.коло. Рускиот тенисер беше сензационално елиминиран од Шшанецот Мунар со 2:0 (6:2 и 6:3) во сетови.

ПретходноЛукаку призна: Сакав да ја напуштам репрезентацијата!
СледноМбапе: Ќе бидам многу среќен ако Зидан биде селектор на Франција! (ФОТО)