Тухел пред своето деби: Слушнав дека англискиот дрес бил тежок, но не е така!

122

Вечерва на “Вембли“ селекцијата на Англија ја започнува својата нова ера, и тоа поради фактот што Томас Тухел ќе го има своето деби на жешката клупа на оваа репрезентација. Противник е селекцијата на Албанија во меч од групата – К, за пласман на СП 2026.

Секако дека сите се во очекување што може оваа нова Англија со Германец како предводник.

Се разбира Тухел е големо име во светот на фудбалот, посебно во Англија ако се знае дека пред неколку години тој на Челзи му го донесе вториот трофеј во ЛШ.

Сепак ова е нешто друго, клупата на Англија веројатно е најжешка во светот на фудбалот, се разбира заедно со онаа на Бразил.

Тухел вчера на пресот во пресрет на овој меч се обиде по малку и да се пошегува:

Слушнав дека англискиот дрес бил тежок, но не е така. Тој е изработен од најквалитетен материјал. Веројатно ќе ни тежи помалку во Америка на Мундијалот кога ќе се навикнеме на климата таму. Искрено сум возбуден од моето деби, едвај чекам да почне натпреварот“ посочи Германецот.

ПретходноФК Вардар исплати нов долг – овој пат од 14 милиони денари!
СледноОд Пловдив испратена порака со сочувство за настраданите во Кочани!