Алкараз очаен: Не знам што ќе правам, не го очекував ова!

1272

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше скршен по поразот во второто коло на турнирот во Мајами. Дејвид Гофин беше подобар од третопласираниот во светот со резултат 2:1 по неполни два и пол часа игра. Белгиецот ја постигна втората победа во четвртиот меѓусебен меч по пресврт, со 5:7, 6:4, 6:3.

Алкараз продолжи со слабото прикажување на американско тло, откако претходно беше елиминиран од евентуалниот шампион Џек Дрејпер во Индијан Велс.

“Физички не бев добро, не се чувствував добро. Ја немав потребната самодоверба, и така е навистина многу тешко да се игра добар тенис”, изјави Алкараз, а потоа подетално објасни како се чувствува:

„Не сум болен, се чувствував совршено пред мечот, но на теренот не ги чувствував добро нозете. Беа многу уморни веќе кон крајот на вториот сет. Бев малку нервозен, но тоа е нормално. Бев сигурен дека ќе играм добро, но воопшто не беше така. Воопшто не очекував таков шок“. 

Неочекуваниот пораз го стави во незгодна позиција.

„Не знам што ќе правам во следните неколку дена. Немаме никаков план, бидејќи не очекувавме толку рана елиминација“, заклучи Алкараз.

ПретходноПриходите од мечот Македонија – Велс комплетно одат за настраданите во Кочани
СледноВо 59. минута, оддадена почит за 59-те жртви: Кочани, Кочани….(ВИДЕО)