0
Светскиот шампион Аргентина се наметна на врвот на квалификациите за СП 2026 во зоната КОНМЕБОЛ. Избраниците на Лионел Скалони победија на гостувањето кај Уругвај со 1-0 и имаат 6 бода предност пред второпласираниот Еквадор.
Прекрасниот гол на Тиаго Алмада му ја донесе победата на „албиселесте“. Играчот од средниот ред на Лион погоди во 68. минута. На овој начин Аргентинците му се реваншираа на Уругвај за поразот од 0:2 во Буенос Аирес на почетокот од квалификациите.
THIAGO ALMADA WHAT A GOAL!!!!!
— All About Argentina
(@AlbicelesteTalk) March 22, 2025