Во Вадуц македонските иселеници собира донации за настраданите

538

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација со победа ги отвори квалификаициите за пласман на Светското првенство 2026 година. На првиот меч во Вадуц, нашите фудбалери го совладаа Лихтенштајн со 0-3.

Овој натпревар беше доста емотивен. Сите беа со мислите кон настраданите во Кочани, кон нивните семејства, пријатели…Од пристигнувањето до крајот на мечот на најразличен начин беа испратени пораки за поддршка.

Фудбалерите во тивка амтосфера се подготуваа за оваа средба, се загреваа со специјални мачики, кои ги носеа и под темните дресови, навивачите кои ги имаше во голем број како и секогаш кога станува за гостувањето на стадионот „Рајн Парк“ дојдоа во црно, во 59. минута во чест на 59. млади згаснати животи го извикуваа името на градот Кочани каде се случи големата трагедија, а за време на средбата македонски иселеници од Швајцарија собираа донации за семејствата на настраданите.

Македонците од сите страни на светот се обединија, сите заедно се обидуваат да помогнат во овие тешки денови.

ПретходноУ-17: И надежите славеа против Лихтенштајн!
СледноГоловите и победата во Вадуц се најдобра покана во вторник да ја наполниме Арената! (ВИДЕО)