Вечерва во Кардиф, во меч од нашата група – Ј, Велс пред своите фанови успеа да го победи Казахстан со 3:1. Колку за потсетување, Велс е нашиот нареден противник во вторник на Арената во Скопје каде ќе го пречекаме пред полни трибини.
Селекцијата на Крег Белами успеа рано да поведе, уште во 9.минута Џејмс донесе водство од 1:0. Имаа домашните уште неколку шанси, но тогаш шок, во таа 32.минута Казахстан од пенал со голот на Тагуберген успеа да израмни на 1:1.
Сепак само што започна второто полувреме, поточно во 47.минута Дејвис погоди за 2:1, за да Матондо во 90+1.минута ги постави конечните 3:1.
Од она што можеше да се виде јасно е дека Велс е силна селекција, но на моменти не беше се перфектно за четата на Белами, има таму слабости. Македонија ако го даде својот максимум може да се надева на добар резултат.
Па така по двата меча денеска, Македонија е лидер на табелата во групата – Ј зошто има подобра гол разлика.
Еве како изгледа табелата:
Македонија 3, Велс 3, Казахстан 0, Лихтенштајн 0 и Белгија 0 бодови но и без одигран натпревар.
Вечерва се одиграа уште два меча во останатите групи.
Чешка ја победи селекцијата на Ф. Острови со 2:1 и избегна срам, ако се знае дека Шик во 85.минута го постави конечниот резултат. Израел во меч кој се одигра во Дебрецин славеше против Естонија со 2:1.