Во 59. минута, оддадена почит за 59-те жртви: Кочани, Кочани….(ВИДЕО)

350

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Во сеќавање на 59-те жртви во пожарот во дискотеката во Кочани, во 59-та минута на дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија на стадионот „Рајн Парк“, македонските фанови станаа и уште еднаш им оддадоа почит на настраданите извикувајќи го градот каде се случи најголемата трагедија и ја зави нашата земја во црно.

Овој меч се игра во многу поинаква атмосфера, Македонците дојдоа во црно во чест на загинатите во Кочани, а во темни дресови играат и нашите фудбалери. Головите кои до сега беа постигнати не ги славеше никој од нашите репрезентативци, истите се посветени токму на младите животи кои згаснаа.

ПретходноАлкараз очаен: Не знам што ќе правам, не го очекував ова!
СледноМакедонија победи за Кочани! (ФОТО+ВИДЕО)