Големо изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран во второто коло!

235

Третопласираниот тенисер во светот Карлос Алкараз е елиминиран во второто коло на Мастерсот во Мајами од Дејвид Гофин, кој победи со 5:7, 6:4, 6:3 по два часа и 17 минути. 55. рангираниот тенисер во светот го стави во тешка ситуација актуелниот победник на Ролан Гарос и Вимблдон.

Алкараз минатата сезона стигна до четвртфиналето на Мајами. Неуспехот да го одбрани тој резултат сега значи дека нема да може да биде светски бр. 1 или 2 во следните неколку месеци. Алкараз неуспешно ја завршува американската турнеја.

Индијан Велс, кој го освои претходните две години, овојпат заврши во полуфиналето, а сега предвреме го заврши настапот на следниот мастерс во САД. Алкараз може да се утеши со фактот дека претстои сезоната на земјена подлога.

ПретходноПочина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња
СледноПочеток на квалификациите за СП 2026: Македонија во Лихтенштајн го стартува Мундијалскиот пат