Денвер го доживеа вториот пораз и јасно е дека тимот од Колорадо тешко функционира без својот МВП – Никола Јокиќ на теренот. Овој пат Портланд беше подобар со 128:109, а домашниот тим го предводеше Дени Авдија, кој го одигра својот најдобар натпревар сезонава, но и во кариерата, постигнувајќи 36 поени за 38 минути на теренот.
Тимот на Мајкл Мелоун започна добро – во првото полувреме постигнуваше поени во серија, додека Портланд само повремено го прекинуваше налетот. До полувремето имаше успех за тимот од Колорадо, но почетокот на третата четвртина беше пресвртница. Тогаш, Дани Авдија беше клучен фактор за својот тим, кој постигна точно половина од серијата 14:0 и неговиот тим потоа поведе (76:67). Денвер успеа да израмни на 80-80, но немаше сили за нешто повеќе.
Гордон повторно го предводеше тимот постигнувајќи 23 поени, со одлични проценти шут од поле (6-10). Го следеа Вестбрук со 18, Портер со 17, додека Браун постигна 15.
На другата страна Дени Авдија постигна 36 поени, фати осум топки и подели седум асистенции.
Портланд ја врза четвртата победа и ќе видиме дали ќе може да го продолжи одличниот ритам што го имаше кон крајот на јануари и почетокот на февруари кога ја врза најдолгата серија во сезоната од шест триумфи.
Резултати:
Вашингтон – Орландо 105:120
Минесота – Њу Орлеанс 134:93
Оклахома – Шарлот 141:106
Сан Антонио – Филаделфија 128:120
Мајами – Хјустон 98:102
Далас – Детроит 123:117
Јута – Бостон 99:121
Феникс – Кливленд 123:112
Портланд – Денвер 128:109
Клипси – Мемфис 128:108