Достоинствено: Фудбалерите им се заблагодарија на фановите на поддршката! (ВИДЕО)

215

Достоинствено, како што и доликува во овие денови на тага. На стадионот „Рајнпарк“ во Вадуц, по мечот со Лихтенштајн, кој го добивме со 3:0, нашите фудбалери и селекторот Милевски, им се заблагодарија на околу 2.000 фанови на поддршката во текот на мечот. Тие ги побараа дресовите од Барди, Алиоски, Миовски и останатите, и ги добија.

Секако дека ќе им останат тие дресови за спомен на овој најтежок меч на Македонија во нејзиата историја.

Ова е таа Македонија, достоинствена Македонија која знае да победува и кога и е најтешко.

ПретходноМакедонија со шеста победа во низа, Столе со 621 минута без примен гол!
СледноМилевски: Не ме интересира како победивме, најважни се трите бода