Вчера во Букурешт, по малку и изненадувачки селекцијата на БиХ успеа со 0:1 да слави на гостувањето кај Романија. Ова се важни и големи три бода за четатата на селекторот Сергеј Барбарез.
Сепак Босанците немаа причина за големо славје ако се знае дека во првиот дел од овој меч нивниот најдобар фудбалер, Един Џеко потешко го повреди носот, поточно по еден дуел со домашен играч се здоби со скршеница на носот.
Јасно дека тој нема да игра против Кипар во понеделник. Џеко на својот ФБ профил објави фотка како сега изгледа неговиот скршен нос, но и напиша…Те сакам Босно и Херцеговино…