Приходите од мечот Македонија – Велс комплетно одат за настраданите во Кочани

401

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра првиот меч од Мундијалските квалификации на гостински терен против Лихтенштајн во Вадуц. На полувреме водиме со 0:2, и што се вели овој меч оди правец како што посакуваме.

Од друга страна пак, раководството на Фудбалската Федерација на Македонија кое што секако е комплетно присатно тука, на чело со претседателот Масар Омерагиќ не информираше дека целиот приход од билетите продадени за претстојниот меч од второто коло кое што го играме на 25 март во вторник против Велс на домашен терен ќе биде пренасочен веднаш за настраданите во катастрофата во Кочани.

„Сакам да ја информирам јавноста дека приходот од натпреварот против Велс целосно ќе биде пренасочен за настраданите во катастрофата во Кочани. Тоа е што се вели најмалку што можеме да направиме во моментов“ – ни изјави претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

ПретходноПолувреме: Македонија има 2:0 во Вадуц, Трајковски и Муслиу ја тресеа домашната мрежа! (ВИДЕО)
СледноАлкараз очаен: Не знам што ќе правам, не го очекував ова!