СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
За нешто помалку од еден час македонската фудбалска репрезентација ќе го стартува дуелот против Лихтенптајн во Вадуц, во рамките од првиот дуел од актуелната Мундијалска кампања.
Како што беше претходно најавено нашата репрезентација излезе на загревање со специјално направените маички во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, која што однесе 59. животи, а повреди повеќе од сто млади луѓе.
Нашиот национален тим инсистираше на вакво нешто, УЕФА секако одобри, а ќе има и минута молчење пред стартот на натпреварот.