Македонија со шеста победа во низа, Столе со 621 минута без примен гол!

104

Победничка Македонија. И во Вадуц Македонија покажа достоинство.

Секоја чест за Македонија.

Во атмосфера на која не сме навикнале, и никогаш да не се повтори, Македонија одигра и за оние 59 жртви од страшната трагедија во Кочани.

Овој денешен успех, оваа денешна победа од 3:0 на гости кај Лихтенштајн, момците на селекторот Благоја Милевски им ја посветиа на тие загубени млади животи.

Инаку ова беше шестата победа на Македонија во низа, и тоа без примен гол.

Ако е така, а така е, тогаш нашиот голман Столе Димитриевски и натаму урива рекорди. Имено сега има неверојатни 621 минути без да се тресе неговата мрежа.

Имаме желба и во вторник, против Велс, исто така да има чиста мрежа.

ПретходноМакедонија победи за Кочани! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноДостоинствено: Фудбалерите им се заблагодарија на фановите на поддршката! (ВИДЕО)