Оскар Пјастри ја освои првата пол-позиција во кариерата по фантастично возење во Шангај. Младиот Австралиец беше најбрз во квалификациите и постави нов рекорд на патеката. Стартот во првиот ред ќе биде клучен со оглед на големите проблеми со деградацијата на гумите во спринтот.
Пјастри досега седум пати стартуваше од првиот ред, но во Кина конечно стигна до својата прва пол-позиција со импресивно време од 1:30.641.
Неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на третото место, додека Џорџ Расел во Мерцедес беше сместен меѓу двата членови на Мекларен. Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе мора да се задоволи со четвртото место откако не успеа да го најде потребното темпо за борба за првото место.
Победникот на спринт Луис Хамилтон ќе треба да стартува само од петтото место, пред Шарл Леклер во Ферари, кој заврши на шестото место.
The starting grid for Sunday’s Shanghai showdown 🤩#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/UGfZotzl7F
— Formula 1 (@F1) March 22, 2025
Трката за големата награда на Кина е закажана за утре со почеток во 8 часот.