Милевски: Не ме интересира како победивме, најважни се трите бода

455

Мисијата е исполнета. Македонската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во Мундијалските квалификации, откако попладнево во Вадуц триумфиравме над домаќинот Лихтенштајн со конечни 0:3. Головите ги постигнаа Трајковски и Муслиу во првиот дел, и Миовски во самиот финиш на дуелот.

Македонија на овој меч одигра колку што беше потребно, и сосема задоволувачки. Рано поведе, содаде неколку ситуации против ривалот кој што контантно се бранеше, удвои пред полувреме, и тоа веројатно беше клучниот момент за мирен тек на дуелот.

Селекторот Благоја Милевски секако задоволен од резултатот, стартните три бода се освоени, и тоа е најважното во моментов.

„Честитки за фер и коректната игра на домаќинот. Честитки за моите играчи кои покажаа карактер и капацитет да одиграат на начин како што одиграа соочени со она што се случуваше пред мечот и трагедијата во Кочани. Очекувавме противникот да биде сконцентриран на дефанзива, згуснат во последната линија. Ги анализиравме многу, анализиравме седум осум мечеви последни нивни. Македонија се подготвува идентично за сите противници. Македонија денес изгледаше тактички, физички и ментално на терен како што треба. Сите во нашата група се конкурентни, не само Казахстан и ние и Лихтенштајн сите имаме шанси. Во денешниот фудбал, мора да се покаже респект, само така може да се надевате на респектабилен резултат. Искрено, не ми беше важно, како и на кој начин ќе победиме.Важни беа трите бода. Имавме многу во мислите, трите бода се најважни. Никола Серафимов го заменив поради поради жолтиот картон. Исник Алими доби удар во зглобот, се надевам дека не е нешто сериозно. Одиме напред, се концентрираме уште од овој момент за Велс. Кој е способен за настап ќе даде максимум 100%. Тој „свич“ во соблекувалната е веќе направен. Веќе мислиме на Велс“ – рече селекторот Милевски на официјалната прес конференција по мечот против Лихтенштајн па додаде.

„Се радувам на иницијативата од страна на ФФМ, приходот од продадените билети на мечот против Велс, оди во хуманитарни цели. Очигледно дека раководството знае и тоа како што прави. Велс е сериозна селекција. Јавно кажувам, не очекува најтешкиот меч во оваа кампања“ – додаде Милевски.

„Искрено сум фасциниран од поддршката. Огромна благодарност до сите оние кои што пристигнаа тука да не бодрат. Информацијата моја е дека не се само нашинците од околните места, дека се пристигнати од подалечните места. Македонија ќе опстои, го покажуваме сите, и во овие тешки, трагични моменти. Сите успеси се колективни. Ова не е индивидуален спорт. И Столе и останатите се свесни за тоа. Триесетина играчи се дел од овој тим. Сите се прекрасни момци, прекрасни карактери. Можеби сум критикуван баш поради тоа, но тие момци, кога доаѓаат во репрезентацијата се сосема други. Без разлика што им се случува во клубовите. Додека сум јас селектор тие ќе бидат тука. Мечот против Велс нема допирна точка со ова денес. Различен противник, различен меч, различна тактика“ – додаде Милевски.

ПретходноДостоинствено: Фудбалерите им се заблагодарија на фановите на поддршката! (ВИДЕО)
СледноОмерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите во Кочани!