СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Бојан Миовски одигра добар натпревар. За првиот гол, стрелец беше Трајковски, беше асистент, за да во 84.минута успеа да постигне гол за конечна победа на Македонија од 3:0 денеска во Вадуц.
По мечот напаѓачот на Џирона имаше свој коментар за мечот со Лихтенштајн. Интересно е тоа што тој имаше големи замерки на домашната селекција поради две работи.
„Многу сум разочаран од Лихтенштајн зошто не го наводниле теренот и беше многу сув. И затоа ни создаваше многу проблеми. Домашните едноставно не сакаа да играат фудбал, што е многу жално. Сепак ни овде дојдовме со една цел, да освоиме три бода и во тоа успеавме. Навидум победата изгледа рутинска, но верувајте дека беше тешко да се игра на овој натпревар, но бевме доста агресивни и сконцентрирани. Го дадовме тој прв гол многу рано, и вториот гол го дадовме во вистински момент и потоа се одеше во наша полза. Ова се одлични три стартни бода за понатамошниот тек од квалификациите. Исто така благодарност и до нашите фанови, се чувствувавме како да играме дома. Се надевам дека во вторник на мечот со Велс ќе има многу публика и ќе ни биде дополнителен мотив“ истакна Миовски.