Се чини дека толку од Тиаго Мота како тренер на Јувентус. По серијата лоши резултати, и на барање на фановите на најтрофејниот италијански клуб, раководството на клубот од Торино донело одлука, така барем се шпекулира во медиумите, дека тој веќе е бивши тренер. Се чека само на официјална потврда.
Се чини дека се води сметка за начинот на кој со Тиаго ќе се раскине договорот.
Како прв кандидат веќе со денови се шпекулира со името на Роберто Манчини, ама и Игор Тудор е во игра.
Секако дека во текот на утрешниот ден некои работи ќе бидат појасни.