Му се може: Халанд потроши 4,7 милиони евра за нов автомобил!(ФОТО)

396

Му се може. А што друго да се каже за тоа што го направил Ерлинг Халанд, еден од најдобрите фудбалери во светот и притоа еден од најплатените кој како играч на Манчестер Сити само од договорот е платен околу 30 милиони евра, не ги сметаме тука разните бонуси и личните договори со познати брендови кој Норвежанецот ги рекламира.

Имено Халанд си купил нов автомобил вреден 4,7 милиони евра.

Станува збор за моделот Бугати Турбилон, кој има во себе 1.800 кс. Може да развие брзина од 445 км на час, а има само 250 вакви модели во светот.

ПретходноНевидена бламажа на Партизан и Обрадовиќ: Пораз од Ефес со 32 поени разлика и тоа среде Белград!
СледноМакедонија оди по шестата победа во низа, Столе сака подобрување на рекордот од 531 минути без примен гол!