СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ по победата на Македонија над Лихтенштајн (3-0) во првиот квалификациски меч за пласман на Светското првенство 2026 година, им честиташе на фудбалерите, стручниот штаб и навивачите. За Омерагиќ ова беше прв меч како прв човек на нашата „куќа на фудбалот“.
„Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите“, рече Омерагиќ.
Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена”.
Македонската фудбалска репрезентација доцна вечерва се враќа во Скопје, дуелот со Велс се игра во вторник во Скопје.