СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)
Огнен Дојчиновски
Македонија, обременета со настаните во Кочани, ги стартуваше квалификациите за пласман на СП 2026. Попладнево му гостува на Лихтенштајн, а по по првите 45.минути во Вадуц има водство од 0:2. Се играше 7.минута кога по еден напад Миовски од лево убаво го проигра Трајковски, а овој со глава само се “поклони“ и ја затресе мрежата на домашниот тим за 0:1. Ова е 22 гол за Трајковски во својот 92 настап за нашата репрезентација, и прв за Македонија во овој квалификациски циклус.
Во 28.минута Елмас „стрелаше“ за 0:2, откако доби добра топка од Чурлинов, ама голот беше поништен поради офсајд.
Во 22. минута Лихтенштајн и тоа како опасно се закани по ударот на Пици, но Димитриевски со крајни напори го спаси својот гол.
Во 36.минута нашите бараа пенал откако имаше старт врз Алими, но сепак судиите не покажаа на белата точка.
Во 42.минута Муслиу убаво се снајде пред домашниот гол за водство 0:2.
Добра игра на Македонија, ја имаме таа контрола на настаните на теренот што е и за очекување ако се знае дека во овој меч влеговме како големи фаворити.
El GOL DE TRAJKOVSKI DESPUES DE UNA CORRIDA HERMOSA DEL LOCO MIOVSKI QUE NOS DA EL GOL A LOS 7 MINUTOS!!
MACEDONIA 1 – 0 LIECHTENSTEIN pic.twitter.com/FXBhThZice— Mecedonia 🇲🇰 (@MacedoniaFC) March 22, 2025
El GOLAZO de media volea de Musliu para darnos el contundente 2-0. pic.twitter.com/XSZ93X4vNL
— Mecedonia 🇲🇰 (@MacedoniaFC) March 22, 2025