Поранешниот прв човек за трејдот на Дончиќ: Мојата ќерка мораше да се крие!

445

Поранешниот сопственик на Далас Маверикс, Марк Кубан повторно го коментираше трејдот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.. Кубан веќе го изрази своето незадоволство од потегот на тимот што некогаш го поседуваше. Тој исто така истакна дека веста го погодила и неговото семејство.

Неговото семејство веднаш го почувствува влијанието на тој трејд.

„Мојата ќерка беше на забава и мораше да се крие кога излезе“, рече Кубан.

Тој сè уште не разбира како се случило тоа.

„Ниту јас не го разбирам тоа.Не бев најдобар пријател со Лук, но секогаш му праќав пораки и му пишував, му испраќав мотивациони цитати. Дури му давав книги да чита. Имав добар однос со неговиот татко. Бев воодушевен како и сите други”, заклучи Кубан.

ПретходноИграме како дома, трибините во Вадуц полни со Македонци, химната испеана во еден глас (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Македонија има 2:0 во Вадуц, Трајковски и Муслиу ја тресеа домашната мрежа! (ВИДЕО)