Почеток на квалификациите за СП 2026: Македонија во Лихтенштајн го стартува Мундијалскиот пат

323

 

СпортСпорт во Вадуц (Лихтенштајн)

Огнен Дојчиновски

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Вадуц, Лихтенштајн ги стартува Мундијалските квалификации за следното Светско првенство кое што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, 2026 година. Мечот започнува од 15:00 часот, а нашиот национален тим има за задача со победа да ја отвори оваа кампања, со оглед на фактот што овој дуел го играме со најслаборангираниот тим во нашата група. Во неа покрај Македонија и Лихтенштајн се наоѓаат уште и Велс со кого ќе ги одмериме силите во вторник на 25 март во Скопје, како и Белгија и Казахстан.

Најслабата селекција со која што сме одиграле квалификациски дуел

Колку и да е тешко да се одработи овој меч, и колку и да е мачно да се биде во Вадуц, главниот град на Лихтенштајн кога во исто време на Македонија и се одвива најголемата трагедија, сепак, едноставно во моментов се мора. Мораат нашите репрезентативци да се исправат пред предизвикот, мора Македонија да смогне сили и да биде на потребното ниво, и конечно мора да победи.

Од фудбалски апсект, затоа што Лихтенштајн е во моментов на 204 место на ФИФА ранкинг листата, додека пак ние сме 67. Тоа значи дека Македонија во еден квалификациски дуел, не се сретнала со послаба репрезентација. Како податок на ова да речеме оди и фактот дека послаба репрезентација од нашиот противник која што доаѓа од Европа е Сан Марино која што е последна на ФИФА листата, 210, а сепак, ете, Лихтенштајн на последниот дуел загуби од 1:3 токму од овој ривал.

Тоа кажува само едно. Дека денешниот наш противник го нема капацитетот и квалитетот да ни се спротивстави и дека Македонија нема друга опција освен сигурна победа.

Стар познаник кому му имаме држено лекции

Не само моменталниот ранкинг и квалитет на двете репрезентации, туку и традицијата едноставно е на страната на Македонија во дуелите со малата државата која што е сместена среде Алпите. Тука ја имаме извојувано најголемата победа од 1:11, против овој противник имаме заверено десет победи. И нема што премногу да се разговара на темата. Да, Македонија и нашата репрезентација се наоѓа во исклучително тежок психолошки момент, но и во ваква ситуација победата на денешниот меч едноставно не треба да биде доведена во прашање.

 

Во маката да покажеме дека сме посилни од се

Нема човек, а не македонец, кој што не го погоди до срж трагедијата во Кочани. Жалта и солзите денеска да ги преточиме во сила и капацитет на терен, да дадеме бргу гол,  истиот да го потврдиме со втор уште побргу и да ги впишеме веќе планираните бодови на нашето конто.

„Да покажеме дека и во тагата сме тим, и сме сплотени како еден“ – рече нашиот репрезентативец Јован Манев како претходница на овој меч. Родениот Кочанчанец порача да веруваме во нашиот тим, да веруваме во нив и дека на крајот се биде во ред.

Победа тука, па со сите сили против Велс во Скопје

Евентуалните три бода освоени денеска во Вадуц, ќе и дадат на Македонија почетен „пуш“ што се вели во оваа кампања. Истите ќе ни го дадат стартниот залет, ќе би дадат допилнителна сила, мотивација, и нормално капацитет да се справиме за она што следува. А тоа е дуелот против Велс во Скопје во вторник. Е таму, ситуацијата ќе е сосема поинаква. Играме пред домашна публика, која што ќе биде присутна во голем број, ќе имаме противник кого ќе сакаме и тоа како да го совладаме и со евентуалниот триумф на тој меч веќе сме и тоа како во пол позиција за екстра резултат во оваа кампања.

 

 

 

ПретходноГолемо изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран во второто коло!
СледноМекларен се врати на врвот: Пјастри го урна рекорд на патеката во Кина за прва пол-позиција во кариерата!