Познато е дека на Трент Александер – Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк по зваршување на сезоната им истекуваат договорите со Ливерпул. Одамна се знае дека Трент веќе е со мислите во Реал Мадри и дека најверојатно во јуни ќе се пресели на “Сантијаго Бернабеу“, но вистинска мистерија е што се случува со Салах и Ван Дајк.
Наголемо се говори, поточно кажано шпекулира, дека и тие ќе си одат од „Енфилд“. Сепак вчера излезе една информација од инсајдери од клубот дека раководството на Ливерпул успеало да се договори со Фараонот и Холанѓанецот и дека тие сепак остануваат и во наредните сезони на „Енфилд“.
Ако ова е вистина, тогаш тоа е голем пресврт, но да почекаме на официјалната реакција на челниците на “Редси“.