Мартин Томовски, македонскиот интернационалец во Потсдам, вечерва во меч од ракометната Бундеслига имаше одличен настап. На гостувањето кај Битигхајм, Томовски забележа 10 одбрани, но сепак ни тие не беа доволни за да се дојде до добар резултат ако се знае дека тимот на Македонецот беше поразен со резултат 30:28.
Секако дека ова е добар настап на Томовски во меч од рамките на 23 коло во најсилна ракометна лига во Европа.
Потсдам е последен на табелата со една победа и 20 порази.